Пациенти во душевната болница во Демир Хисар заразени со Ковид-19
Позитивна на Ковид-19 е и медицинска сестра која е во домашна изолација. Тестовите на медицинските техничари, болничари и другиот помошен персонал што биле во контакт со заболените пациенти, се негативни.

Десетина пациенти во душевната болница во Демир Хисар, се заразени од коронавирусот. Се чекаат резултатите од тестирањето за уште неколкумина сомнителни случаи.
Позитивна на Ковид-19 е и медицинска сестра која е во домашна изолација. Тестовите на медицинските техничари, болничари и другиот помошен персонал што биле во контакт со заболените пациенти, се негативни.
Еден пациент со потешка клиничка слика, се лекува на Инфективното одделение во битолската Клиничка болница.
Од Душевната болница велат дека се во постојана комуникација со епидемиолозите од битолскиот Центар за јавно здравје и со другите надлежни институции. Се извршуваат потребните активности за да се спречи ширењето на заразата.
