Во два одвоени случаи полицијата откри 148 мигранти

12.08.2020 13:25

103-ца биле откриени во товарно возило „Ивеко“ кај Демир Капија. Возачот од Липково избегал од возилото, но по кратко време бил пронајден. Мигрантите биле од Пакистан, Авганистан, Индија, Египет, Иран и од Сирија. Сместени се во прифатниот транзитен центар Винојуг кај Гевгелија.

Во два одделни случаи полицијата откри вкупно 148 мигранти. 103-ца биле откриени во товарно возило „Ивеко“ кај Демир Капија. Возачот од Липково избегал од возилото, но по кратко време бил пронајден. Мигрантите биле од Пакистан, Авганистан, Индија, Египет, Иран и од Сирија. Сместени се во прифатниот транзитен центар Винојуг кај Гевгелија.

Во вториот случај полицијата открила 45-мина мигранти во товарно возило „Ивеко дејли“ со скопски регистарски ознаки, кај Ваксинце. Возачот избегал. Мигрантите се од Сирија, Бангладеш, Сомалија, Пакистан и од Палестина. Сместени се во транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка.