Железнички премини во велешко не се безбедни три дена, поради дефект предизикан од обилните врнежи
Веќе трет ден не работат сигналните рампи поради уништен кабел на пругата Велес- Згополци поради обилните дождови. Од МЖ- Инфрастуктура велат дека проблемот е лоциран, екипите се на терен и наскоро ќе го санираат овој проблем. Не стивнуваат и реакциите на велешани на социјалните мрежи. Велат ова е децениски проблем, што треба итно да се реши...

Видеа и реакции на возачи последниве три дена на социјалните мрежи има многу. Револтот е голем. Во центарот на Велес каде фрекфецијата на возила е најголема, поминувањето на воз на отворени рампи е опасно и за возачите но и за пешаците.
Oд Mакедонски Железници инфраструктура дефектот го лоцирале, екипите се на терен а проблемот ќе се санира. Велат, нема опаснот по безбедноста, пред преминот возот застанува, излегува кондуктерот и така продлжува движењето.
Во велешко поради недоволно обезбедени премини чести се железничките несрeќи, последната се случи пред неколку месеци во близина на поранешна Порцеланка.
Памела Цилаков
