Аналитичари: Полн четиригодишен мандат за да завршат реформите неопходни за европските интеграции

12.08.2020 17:24

Аналитичарите сметаат дека доделувањето на мандатот и формирањето влада час поскоро треба да се случи. Ова е крајно важно поради бараните реформи од Брисел во пресрет на преговарачката рамка во октомври и пред меѓувладината конференција за нашето приклучување кон Унијата...

Партиски комбинаторики кои партии ќе ја сочинуваат владата. Некои од аналитирачте сметаат дека СДСМ како победник во македонскиот политички спектар ќе добие мандат од Пендаровски да го предводат кабинетот со ДУИ. Аналитичарот Муслиу коментира- СДСМ и ДУИ ќе формираат стабилно парламентарно мнозинство со полн четиригодишен мандат за да ги завршат приоритетните реформи неопходни за европските интеграции. Тој смета дека е неспорно да се работи и на реформи во изборното законодавство за реално пресликување волјата на електоратот.

Според Муслиу, зголемениот број мандати во албанскиот кампус се должи шесте изборни единици, како и на помалиот одѕив во условно македонските изборни единици.

Кржаловски од МЦМС потенцира дека овој застој во договарањата за состав на новата владата, може да направи штета на почнувањето преговори со ЕУ. Според него час поскоро треба да се формира влада за да се справи со пандемијата со коронавирусот и со санирање на последиците врз македонската економија. Кржаловски смета дека тешко се одвиваат преговорите меѓу СДСМ и ДУИ, зашто во игра се огромни влогови, особено барањето на ДУИ за премиер Албанец.

Кржаловски е со став - доколку пропаднат преговорите на релација СДСМ и ДУИ, поголема веројатност е да се формира политичка влада составена од СДСМ , ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата на Албанците и Алтернатива.

 

Игор Панов