Еуростандард банка оди во стечај

13.08.2020 10:08

Поради неисполнување на законските услови, Народна банка и ја одзеде дозволата за работа. Штедачите од фондот за осигурување, депозитите ќе ги добијат во законски предвидениот рок...

Еуростандард банка од денеска оди во стечај. Поради неисполнување на законските услови, Народна банка и ја одзеде дозволата за работа.

Штедачите од фондот за осигурување, депозитите ќе ги добијат во законски предвидениот рок. Сепак, штедните влогови поголеми од 30 илјади евра, нема да бидат обесштетени во целост и ќе ја чекаат стечајната постапка.

Можеа да не затворат уште лани, но не оставија да заглавиме уште 15 милиони, а не ни даваа да работиме, изјави еден од сопствениците на Еуростандард банката, Трифун Костовски.

Според него, станува збор за двојна игра од Народна банка, која наводно цела година ја држела Еусростандард под строги мерки и не и дозволувала да работи и да заработи. За утре Костовски, најави прес- конференција со повеќе детали за случајот.