Осигурителниот пазар останува стабилен

13.08.2020 14:51

Според податоците, две осигурителни друштва имаат вложени пласмани во банката, во износ од 24,4 милиони денари, но тоа е само половина процент од сите вложени депозити во банките.

Осигурителниот пазар останува стабилен, и стечајот на Евростандард банка нема да влијае негативно врз ликвидноста на овој бизнис, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Според податоците, две осигурителни друштва имаат вложени пласмани во банката, во износ од 24,4 милиони денари, но тоа е само половина процент од сите вложени депозити во банките.

Лани, Евролинк – осигурување, доби нов сопственик, односно австриската осигурителна група Граве, од Грац, која ги купи сите акции. Оттука, ова друштво за осигурување не е во сопственичка поврзаност со банката, и не постои ризик од пренесување на обврските од банката на друштвото за осигурување, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурувањето.