Пендаровски му го довери мандатот на Заев

13.08.2020 15:13

Претседателот Стево Пендаровски, напладне, му го довери мандатот за состав на нова влада, на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. „Од овој момент, во рок од 20 дена, имаме задача, да составиме предлог за програма, и за кадри кои демократското мнозинство во собранието ќе ги изгласа, и ќе довери полн четири годишен мандат на стабилна влада, која е подготвена да сработи, која подеднакво се грижи за сите граѓани, ослободенa од какви било етнички предрасуди или национализми“, изјави мандатарот Заев...

Започна да тече 20- дневниот рок за составување влада и владина програма. Претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот на Зоран Заев, лидер на коалицијата „Можеме“. Пендаровски со цитат од Уставот зошто го дава мандатот без формирано парламентарно мнозинство како што претходно најавуваше.

„Врз основа на член 84, став 1, алинеја прва, а во согласност со член 90, став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и предлогот на Коалицијата „Можеме“, за мандатор за состав на Влада на Република Северна Македонија го определувам Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија“, изјави претседателот Пендаровски.

Мандатарот Заев потврдува дека сѐ уште нема постигнато договор за мнозинство, но дека разговорите со албанскиот блок партии се одвиваат со забрзано темпо и убеден е дека ќе состави влада растоварена од национализми. Тој повторно ќе се сретне со лидерот на ДУИ Али Ахмети, но не одговара дали ќе прифати влада во која една година премиер ќе биде Албанец. Со политички речник, Заев вели црвените линии се интересите на сите граѓани, без ограничувања.

Мандатарот Заев најавува владин кабинет на кој приоритет ќе бидат раст на економијата, помош на домашните фирми, стопанството и младите. Раст на платите и пензиите.

Иако со најава дека по доделување на мандатот на Заев собранискиот спикер Џафери ќе закаже продолжение на конститутивната седница за избор на претседател, тоа не се случи. Образложението е Џафери имал приватни обврски. Заев го правда дека одложувањењто на седницата не е во меѓусебен договор, туку Џафери најавил службите да се потготвени за седница.

 

Миле Ристески