Македонците не веруваат на лажните лекови

13.08.2020 15:15

Над 800 лица во светот досега починале пиејќи дезифициенти во обид да се спасат од Ковид- 19. Свој данок зема и депресијата велат лекарите. Додека се пронајде ефиксана вакцина, останува да се придржуваме на мерките за држење дистанца, носење заштита на лицето и миење на рацете...

Не е мал бројот на оние кои поверуваа на лажните вести дека короната може да се уништи доколку испијат дезифициенти. Во светски рамки дури 800 лица починале поради труење, верувајќи во дезинформации.

Во земјава од почетокот на епидемијата нема регистрирани случаи од овој вид, вели за МТВ токсикологот Беќаровски. Но, тоа не беше случај со прекумерното консумирање алкохол во првите два месеци од пандемијата.

Не сме исклучок од светот со посегнувањето по сопствениот живот како резултат на дополнителна депресија кај оние со веќе тешка форма на оваа психичка состојба, додава нашиот соговорник.

Науката сѐ уште трага по релевантни лекарства и вакцини и луѓето треба да се подготват за секакви сценарија предизвикани од Ковид 19. До тогаш остануваат проверените мерки за заштита од заразата.

 

Фиљана Кока