Ахмети: ДУИ е фактор на стабилност во државата

13.08.2020 15:39

ДУИ е фактор на стабилност во државата, нема да дејствува со притисоци туку ќе најде правилен пат за да служи на државата и колку што може полесно да се надминат сите тешкотии како последица на коронавирусот, рече лидерот на интегративците Али Ахмети...

ДУИ е фактор на стабилност во државата, нема да дејствува со притисоци туку ќе најде правилен пат за да служи на државата и колку што може полесно да се надминат сите тешкотии како последица на коронавирусот, рече лидерот на интегративците Али Ахмети.

Не сакаше да открива детали од преговарачкиот процес, но порача дека сака да ги слушне аргументите зошто премиер не би можел да биде Албанец. Работите не се во лош правец, работите се толку блиску колку што се и далеку, потенцира Ахмети. Најави за денес нова средба со СДСМ за продолжување на преговорите.

Симболично на денот на потпишувањето на Охридскиот рамковен договор пред 19 години, Ахмети ги покани на средба лидерите на партиите од албанскиот блок. Изрази жалење што не дошол никој од нив. Вели дека сакал да разговараат за Охридскиот рамковен договор, за Законот за употреба на јазиците, како и на други теми, а не за премиер Албанец и за формирањето на Владата, како што тоа некои политички структури го посочувале во јавноста.    

Игор Панов