Образование

Од прво до трето одделение на училиште, останатите онлајн

13.08.2020 16:26

Учениците до трето одделение да одат на училише, а за останатите да има онлајн настава од дома – предложила Комисијата за заразни болести на состанокот со претставниците на Министерството за образование...

Учениците до трето одделение да одат на училише, а за останатите да има онлајн настава од дома – предложила Комисијата за заразни болести на состанокот со претставниците на Министерството за образование. Но, за овој предлог на Комисијата треба да се дискутира на седница на влада и да се донесе конечна одлука.

Преговорите како ќе продолжи образовниот процес траат неколку дена. Надлежните не ја исклучуваат можноста учебната година да се пролонгира, бидејќи за моделот кој ќе биде усвоен на владина седница, потребни се законски измени во Собранието.

Одлука нема ниту за отворање на градинките. Ќе се ажурираат податоците на бројот на деца за кои родителите се изјасниле дека ќе посетуваат.

Во последното деноноќие, починале двајца пациенти инфицирани со коронавирусот. Регистрирани се 141 заболен од направените 1.848 тестирања. Најмногу болни има во Скопје- 48, и денеска двоцифрена е бројката во Куманово и во Штип. Во болниците низ земјава се лекуваат повеќе од 360 пациенти, дел во потешка состојба.

 

Андријана Атанасовска