ФИТР: 123 компании во финална фаза на јавниот повик за брзо прилагодување против Ковид- 19

14.08.2020 11:04

Од овие 123 компании, 74 аплицираат по првпат во Фондот, 17% аплицираат по втор или повеќе пати без претходно добиена поддршка, додека само 9% се претходни корисници на средства. Според анализите во најголем дел се работи за мали (67) и микро (47) компании, како и 9 средни претпријатија.

Вкупно 123 домашни компании продолжуваат во фазата на финална селекција во рамките на Јавниот повик за брзо прилагодување од последиците од Ковид 19 на Фондот за иновации и технолошки развој (прв циклус). Овие компании планираат инвестиции од 237 милиони денари, од кои 97 милиони денари се нивен влог, додека од ФИТР побаруваат безмалку 139 милиони денари. На повикот кој беше отворен од 29.05 до 03.07.2020 година , аплицираа вкупно 166 компании.

Од овие 123 компании, 74 аплицираат по првпат во Фондот, 17% аплицираат по втор или повеќе пати без претходно добиена поддршка, додека само 9% се претходни корисници на средства. Според анализите во најголем дел се работи за мали (67) и микро (47) компании, како и 9 средни претпријатија.

Најголем дел на инвестициските планови се од областа на здравството, ИТ, трговијата но и категориите како машинство, креативната индустрија, угостителство и текстилната индустрија.

Во фаза на подготовка е нов циклус на аплицирање за финансиска поддршка за економско заздравување, велат од Фондот.