Продолжуваат протестите во Бугарија за оставка на владата

14.08.2020 11:23

Поради немање кворум поради протестите, беше откажана седницата на бугарскиот Pарламент. Се појавиле само пратениците од владеачката партија ГЕРБ на премиерот Борисов.

Демонстрантите повторно ги окупираа улиците во Софија барајќи оставка на премиерот Борисов. Поставените шатори ги блокираат трите сообраќајници во главниот бугарски град пред Парламентот како место од каде секоја вечер почнуваат протестите.

Поради немање кворум поради протестите, беше откажана седницата на бугарскиот Pарламент. Се појавиле само пратениците од владеачката партија ГЕРБ на премиерот Борисов.

Синоќа настанале тензии меѓу полицијата и демонстрантите, по интервенцијата за расчистување на улицата пред амбасадата на Романија.