Убиство во скопско Инџиково

14.08.2020 12:06

При обид за грабеж во семејна куќа во скопско Инџиково ноќеска се случило убиство на 49-годишен маж, кој бил заедно со неговата сопруга. Криминалците им се заканувале и им барале пари...

При обид за грабеж во семејна куќа во скопско Инџиково ноќеска се случило убиство на 49-годишен маж, кој бил заедно со неговата сопруга.

Криминалците им се заканувале и им барале пари. Кога кажале дека немаат, едно од вооружените лица пукало кон сопственикот.

Од МВР велат дека се трага по извршителите на убиството.