Ѓорческа за четвртфинале во Анталија
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во втората рунда на ИТФ Фјучерс турнирот вреден 10.000 долари во Анталија.
Стартната победа таа ја оствари во мечот против Белорусинката Вера Лапко во два сета 7-6 и 6-0. Во второ коло на овој турнир, Ѓорческа која е седморангирана ќе се судри со Естел Кашино од Франција.
Претходно во игра на двојки нашата тенисерка заедно со Молдавката Анастасија Вдовенко обезбедија четвртфинале во кое ќе им се спротивстави германско-белоруската комбинација Рајмхен / Ниахреи.