Поскапувањето на струјата нема да се одрази на цените на другите продукти
14.08.2020 13:09
Покачувањето на цената на електричната енергија нема да се одрази на цените на другите продукти, освен на сметките на граѓаните, смета директорот на секретаријатот на Енергетската заедница, Јанез Копач...

Покачувањето на цената на електричната енергија нема да се одрази на цените на другите продукти, освен на сметките на граѓаните, смета директорот на секретаријатот на Енергетската заедница, Јанез Копач.
Во разговорот со претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски, Копач нагласил дека на енергетскиот сектор му е потребна визија, а не политизирање на одлуките донесени од независниот регулатор, кој според него работи транспарентно и професионално .
