Приведен 43-годишен тетовец осомничен за опожарување две возила на ЕВН
МВР соопшти дека е приведен 43- годишен тетовец, осомничен за предизвикување пожар на две возила на ЕВН. Инцидентите се случија во пресрет на најавените протести во неколку градови, против зголемувањето на цената на струјата...

43- годишен тетовец се сомничи дека ги запалил двете возила на компанијата ЕВН. Моторните возила биле на две различни локации во градот, едното на улица „Иво Лола Рибар“, а другото во станбената населба Блока 70. Во возилата избувнал пожар, откако пироманот во нив фрлил запалива течност
„На 14.08.2020 во 01.20 часот на ул.„Ленин“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.О.(43) од Тетово поради сомнение дека во периодот од 00.40 до 01.10 часот на ул.„Иво Рибар Лола“ во Тетово со запалива течност предизвикал пожар во патничко моторно возило „дачија дастер“ со скопски регистарски ознаки и патничко моторно возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на „ЕВН“, кои целосно изгореле. Исто така, од пожарот било зафатено и патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. К.О. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, изјави портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Пожарот бил локализиран од тетовските пожарникари. Спречено е пламените јазици да не се прошират на соседните објекти но и паркирани возила.
Од ЕВН ги осудија ваквите инциденти. Даваме целосно подршка на институциите за расчистување на случајот, а нашата компанија постојани работи на заштита на своите вработени и имотот.
Зоран Димовски
