При обид за грабеж убиен 49-годишен маж во Инџиково
При обид за грабеж во семеен дом во скопско Инџиково, ноќеска бил убиен 49-годишен маж, кој бил заедно со неговата сопруга. Криминалците им барале пари, но кога добиле одговор дека немаат, еден од вооружените лица пукал кон сопственикот...

Како на филм, двајцата криминалци влегле вооружени со пиштол и од сопственикот побарале пари. Откако им кажал дека нема пари, едно од лицата пукало во него, а потоа заминале во непознат правец. МВР трага по сторителите.
Сопругата на убиениот пријави дека во двор од куќа во село Инџиково, скопско, при расправија на две лица со нејзиниот сопруг, едното од нив со пиштол пукало во него. Според пријавеното, двете лица побарале пари, но кога им кажал дека нема пари, едното лице пукало кон него. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
Соседите видно вознемирени, не саакаа да говорат пред камера. Рекоа дека нивниот сосед бил пријатен човек, имал свој бизнис, и никогаш немало кавги во нивна близина. Биле изненадени од случката. Посочија дека досега во нивната улица во скопско Инџиково, немало никаково разбојништво, ниту кражби по дворови, а не пак убиство.
Наташа Гркова- Петрушевска
