Политика

Продолжуваат преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

14.08.2020 14:48

Продолжуваат преговорите меѓу СДСМ и ДУИ за формирање влада. За ВМРО-ДПМНЕ мандатот е даден простивуставно, додека Коалицијата на Алијансата и Алтернатива со јасан порака до ДУИ, или Зибери за премиер или заминете во опозиција...

СДСМ и ДУИ ги продолжуваат разговорите за нова Влада. Постигнати се основи за напредок кој води до коалиционен договор, информираат од двете партии. Разговорите продолжат и во текот на викендот на ниво на генерални секретари.

„Северна Македонија ќе добие Влада која го следи јасниот правец за кој е определено големото мнозинство граѓани, европскот пат, патот на економијата и правдата, патот до просперитет и долгорочна стабилност“, објави лидерот на СДСМ, Заев на Фејсбук.

Пред македонското Собрание ќе биде испорачан предлог за Влада составена од квалитетни, одговорни и отчетни кадри, решена и која силно ќе се бори со криминалот и корупцијата на сите нивоа, велат Социјалдемократите.

Од ВМРО-ДПМНЕ не отстапуваат од ставот дека претседателот Стево Пендаровски противуставно му го дал мандатот за состав на нова влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, бидејќи немал обезбедено мнозинство. За евентуалните разговори со другите партии, велат дека прво ќе го почекаат исходот од разговорите меѓу СДСМ и ДУИ.

Од Коалицијата Алијанса на Албанците- Алтернатива со јасна порака до ДУИ- или Насер Зибери премиер, или одете во опозиција. Тврдат дека тие се легитимни победници на изборите во албанскиот политички блок. Двете партии појаснуваат дека нема да влезат во преговори, сѐ додека ДУИ не го исполни предизборното ветување за премиер Албанец. Од коалицијата велат дека ако во Собранието дојде предлогот Насер Зибери да биде премиер, нивните 12 пратеници ќе дадат поддршка.

Тече рокот од 20 дена во кој мандаторот Заев до Собранието треба да ги достави програмата и кадровскиот состав на кабинетотот. Во Законодавниот дом, пак, во рок од 15 дена треба се одржи седницата за избор на новата влада.

 

Игор Панов