Наставата ќе се одвива комбинирано, епидемиолошката состојба стабилна

18.08.2020 17:10

Само од прво до трето одделение ќе се учи онлајн или со физичко присуство во наредната училишна година. Но, за учењето во клупи, ќе биде потребна согласност од родителите. Има можност предавањата во овие одделенија да биде и со физичко присуство, ако нема доволен број ученици како во руралните области- тврди ресорниот министер Адеми. Според министерот Филипче се подобрува епидемиолошката слика во земјава, но треба да се подготвиме за новиот удар наесен. Нови 130 случаи на коронавирусот во земјава, починаа двајца пациенти...

Наставата почнува во септември од дома онлајн, учениците до трето одделение ќе учат комбинирано, по избор на родителот. Министерот Филипче смета во контекст на пандемијата, крајна цел е децата да се вратат во училиште, сѐ додека ние и целиот свет сме соочени со вирусот, тие мора да следат настава, но мора да бидеме свесни и образовниот процес да биде безбеден за децата.

Епидемиолошката состојба е стабилна, но сепак будно ќе ја следиме состојбата со новозаразени, особено со почетокот на есента кога се очекува покрај Ковид- 19 да има случаи и со сезонски грип и со други респираторни болести, изјави Министерот за здравство Венко Филипче.

Тој  информира и за билтенот во последните 24 часа. Регистрирани се 130 нови случаи на Ковид-19 и 152 оздравени пациенти.Починати се двајца пациенти.

Учениците од прво до трето одделение ќе учат од училишните клупи, а оние од четврто одделение до четврта година средно- онлајн. Владата донесе одлука по препорака на Комисијата за заразни болести. Исклучок може да има во општините, основачи на училиштата, во кои има добра епидемиолошка состојба. Во тој случај, општините ќе треба да поднесат барање кое ќе биде разгледувано во Министерствата за образование и наука и за здравство.

Наставата за учениците до трето одделение ќе се одвива по посебни протоколи. Наставниците цело време да бидат со учениците додека трае часот, да носат маски , физички да бидат оддалечени и меѓу часовите да има пауза од десет минути, за да се избегне контакт меѓу две паралелки.