Над 13 илјади ковид- дијагностицирани од почетокот на епидемијата
Филипче оценува дека состојбата со епидемијата во земјава е стабилна, не се оптоварени болничките капацитети, а неколку недели по ред, процентот на новозаразени е околу седум.

Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 13.076, оздравеле 9.625, починаа 551 пациент. Во моментов активни се 2.900. Сѐ уште не сe знае која ќе биде цената за вакцината, но дефинитивно државата ќе издвои буџет и вакцинирањето ќе биде бесплатно, вели министерот за здравство.
Филипче оценува дека состојбата со епидемијата во земјава е стабилна, не се оптоварени болничките капацитети, а неколку недели по ред, процентот на новозаразени е околу седум.
Сепак, здравствениот систем стратегиски се подготвува за евентуално лоши есенски сценарија, иницирани од комбинацијата на пациенти со грип и на оние со Ковид-19, а можни се и рестриктивни мерки во одредени региони доколку тоа е потребно.
