Во Собранието доставен предлог- составот и програмата за работа на новата влада
Мандатарот Зоран Заев во присутво на 19 министри ја достави до Собранието предлог- програмата и кадровските решенија за новата Влада. Вети дека македонските граѓани ќе добијат стабилна и ефикасна влада која што ќе се стреми да влече напред. Очекува Собранието идната недела да ја гласа...

Мандатарот Зоран Заев во присутво на 19 министри ја достави до Собранието предлог- програмата и кадровските решенија за новата Влада. Вети дека македонските граѓани ќе добијат стабилна и ефикасна влада која што ќе се стреми да влече напред. Очекува Собранието идната недела да ја гласа. Приоритети на новата Влада остануваат правосудството, економијата, борбата со корупцијата.
Заев најави дека новата учебната година ќе почне на 1-ви октомври. Додаде дека на првата владина седница ќе се донесат измените на законите за образованието, кои потоа треба да поминат во Собранието. Имаме конкретен план, со сите анализи, за да може образовниот процес да тече и да го заштитиме здравјето на децата, како и здравјето на нивните семејства, рече Заев.
Собранието доцна синоќа поединечно ги верификуваше мандатите на пратениците кои доаѓаат на местото на идните министри во новата влада. Седниците се одржуваа без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и од коалицијата Алијанса на Албанците- Алтернатива. Посочија дека се постапува спротивно на Деловникот, односно Верификационата комисија нема мандат да решава бидејќи претстанала да постои по конститутивната седница.
Се уште останува отворено прашањето за бројот на потпретседатели на Собранието. Спикерот Џафери предлага 5 негови заменици, опозицијата со став дека тоа е економски неисплатливо.
