Собраниска седница за избор на нова влада
„Во следниот мандат градиме уште поодговорни и уште поотворени институции посветени на интересите на граѓаните“- мандатарот Заев ја претстави програмата за идните четири години и порача- ова ќе биде мала, ефикасна влада која ќе воспостави ритам на трансформација заедно со граѓаните. Одговор од ВМРО-ДПМНЕ: ова е влада на лаги и континуитет на криминал и корупција. Најавија демонстрации оваа есен...

Развојни економски политики, намалување на јавната администрација за 20 проценти, борба против корупцијата, реформи во здраствениот систем се приоритетите на новата влада. Во експозето кое пред пратениците го претстави мандатарот Заев, тој истакна дека во неговиот втор мандат ќе се фокусира на домашната политика. Евроинтеграциите секако остануваат стратешка определба на земјава- истакна Заев
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ изграден став дека нема да даде подршка на новата влада. Со стари и истрошени кадри со неколку афери зад себе, ВМРО- ДПМНЕ смета дека владата нема капацитет да ги исполни дадените ветувања пред граѓаните на предвремените парламентарни избори. Пратеникот Николовски најави демонстарции поради нездоволството, кое како што рече тој, постои меѓу граѓаните.
Во Собранието се водеше и жестока дебата за кадровскиот потенцијал на новата влада. Пратеникот на Левица, Апасиев проценува дека старо- новата влада требала да го врати мандатот уште по, како што рече, неуспешниот референдум.
Новина е што во оваа влада е намален бројот на на министерски места од досегашните, 26 на 19.
Марина Стојанова- Тонева
