Образование

Постепено воведување настава со физичко присуство

01.09.2020 16:25

Постепено ќе се воведува настава со физичко присуство во училиштата што ги исполнуваат протоколите дадени од Комисијата за заразни болести- изјави министерката Царовска. Децата од прво до трето одделение ќе можат да посетуваат физичка настава од први октомври. Владата формираше комисија која ќе врши проценка. Во осноно часовите ќе траат по 30 минути, во средно по 35...

До 10-ти септември ќе може да се пријават училиштата кои сакаат да организираат настава со физичко присуство. Надлежните ќе го проверуваат исполнувањето на условите и протоколите, по што ќе се даде зелено светло за организирање на наставата. Владата го донесе планот за почеток на учебната година, според кој таа почнува на 1- ви октомври, а пропишани се протоколи по кои ќе се одвива наставата со физичко присуство. Неа ќе може да ја посетуваат децата од прво до трето одделение, со дозвола на родителите. Училиштата треба да организираат и онлајн настава каде не се исполнети условите предвидени по протоколот за физичко присуство.

Според протоколите, при влез во училиште ќе се мери температура. Се забранува поздравување со физички контакт. Наставата се изведува со најмногу 20 ученици, на 1,5 метар раздалеченост. Кога има услови- настава надвор, без маски. Првиот училишен ден ќе биде посветен само на упатствата. Употребата на тоалетите ќе биде контролирана. Оброк ќе се носи од дома. Доколку се открие случај во училиштата, министетот Филипче , посочи дека ќе биде поивикан епидемиолог .

Според министерот, ако се почитуваат протоколите, може да имаме успешна учебна година. Посочи дека ги разбира средношколците кои инсистираат на комбинирана настава, но како што рече, овој систем нè штити сите нас, не е избор, но мора да се почитува. Порача- состојбата нема да трае вечно, но мора да ја почекаме вакцината- бидете трпеливи.

Наташа Гркова- Петрушевска