Кожув ја заврши балканската турнеја со пораз во Приштина (68:58)
12.03.2014 20:27
Со 9-тиот пораз во низа и со вкупен учинок од 4 победи и 10 загубени натпревари, Гевгеличани се враќаат дома и размислуваат на продолжението од домашниот шампионат. Почнаа солидно со 4/1 во БИБЛ лигата, но по неочекуваниот пад во формата и многу натпревари во мал период, особено во новата година, Кожув го загуби чекорот во сите три натпреварувања.

Во втората сезона во БИБЛ, по двете победи на стартот против Пеќ и кај Левски, Кожув беше совладан дома од Балкан, но се ревитализира веднаш против Крајова. Следуваше победа кај Теодо во Тиват, но потоа и несфатлив и неверојатен пад во играта на одличната екипа со многу искусни кошаркари.
Поразот од Галил можеби и беше очекуван, но по загубениот меч во последните секунди дома од Сигал, Кожув нанижа уште седум порази – кај Куманово, кај Пеќ, од Левски, кај Крајова, кај Балкан, дома од Теодо и кај Приштина. До крајот на сезоната, Гевгеличани ќе се сретнат уште со Куманово, на домашен терен во дуел што на Кумановци им значи за пласман во Топ 6 доигрувањето.
Силниот ритам и трите фронта во згуснат распоред, беа преголем залак за вака формираната екипа од Гевгелија. Ако елиминацијата од МЗТ Скопје во купот беше очекувана, со оглед на мега квалитетот на најдоминантната екипа во нашата кошарка, тогаш гевгелискиот тим го плати цехот со последната позиција во БИБЛ и со разредени сили пред суперлигашкиот предизвик во македонското првенство.