Заев: Независноста ја одбележуваме слободни и отворени кон светот

08.09.2020 11:55

Свечено е одбележан Денот на независноста, 8-ми септември. Ќе остане запамтен како ден кога се обединивме за да ја заокружиме нашата државност и да избереме пат исполнет со меѓусебно разбирање, среќа и просперитет,нагласи премиерот Заев во обраќањето на свеченоста. Оддадена почит и на вечните почивалишта на претседателите Борис Трајковски и Киро Глигоров.

Осми септември останува запаметен како ден кога се обединивме да создаваме заеднички дом. Првите години беа проследени со драматични и кризни моменти. Денес нашата држава има сосема извесна европска иднина со повеќе надеж и благосостојба- порача премиерот Зоран Заев во обраќањето за Денот на независноста. Ги повика граѓаните да дадат свој придонес во европеизацијата на земјава и да бидат партнер на владата. До опозицијата, Заев со порака – да покаже државничко однесување наместо тесногради партиски интереси.

Премиерот Заев посочи дека борбата со пандемијате ќе се вжештува, најави вложувања во здравствениот систем, но и побара почитување на мерките. Најави нова македонска економија, враќање на претходните стапки на раст, поголеми плати и пензии за поголем животен стандард.

29- годишнината од независноста, Македонија ја слави како 30-та членка на НАТО, со добри меѓусоседски односи, ЕУ се согласи дека нашата држава треба во најбрз можен рок да ги започне преговорите за членство со Унијата.

Пред свечената церемониј за Денот на независносста, владина делегација предводена од премиерот, положи цвеќиња на вечните почивалишта на поранешните претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров.

Наташа Гркова- Петрушевска