Помпео со честитка за 8-ми септември: САД остануваат ваш сојузник

08.09.2020 12:07

„Охрабрени сме од напредокот што го направивте на патот кон членство во Европската унија и ние ќе продолжиме да ги поддржуваме вашите напори за европска интеграција“, вели Помпео, кој нѐ советува да ги продолжиме заложбите за демократски идеали, транспарентност и зајакнување на владеењето на правото.

Честитка по повод празникот и од американскиот државен секретар  Мајк Помпео. Во неа е наведено дека годинава станавме 30-та членка на НАТО и дека Вашингтон ја поддржува посветеноста на земјава кон регионалните и глобалните мир и безбедност.

„Охрабрени сме од напредокот што го направивте на патот кон членство во Европската унија и ние ќе продолжиме да ги поддржуваме вашите напори за европска интеграција“, вели Помпео, кој нѐ советува да ги продолжиме заложбите за демократски идеали, транспарентност и зајакнување на владеењето на правото.

„Соединетите држави стојат крај Северна Македонија како одлучен сојузник“, порачува американскиот државен секретар, Мајк Помпео.