Заев, Битиќи и Хоџа на средба со претставници на лозарите во Кавадарци
08.09.2020 11:31
Вчера премиерот Заев најави дека ќе биде надминато незадоволството на лозарите со откупната цена на грозјето...

Во Кавадарци средба на претставници на лозарите со премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.
Вчера премиерот Заев најави дека ќе биде надминато незадоволството на лозарите со откупната цена на грозјето, а просечната цена на вранецот и на смедеревката заедно со дополнителните 2 денара поддршка од државата ќе биде 15, односно 13 денари за килограм.
Државата ќе понуди модел за подршка на извозот на наливно и на флаширано вино,затоа што во визбите сега има залиха од 30 милини литри вино, рече Заев.
