Наскоро документарен филм „1.000 години сведок на Светлината“

08.09.2020 17:50

Ова е филм кој не само што го одбележува големиот Јубилеј, туку и го доловува духовниот монашки континуитет низ вековите...

Со благослов на игуменот на Бигорската Свештена Обител, владиката Антаниски Партениј, а по повод 1.000-годишнината од основањето на нашиот десетвековен духовен светилник, професионален тим предводен од режисерот Илија Ико Каров, во изминатите 2,5 години подготвува документарен филм, насловен „1.000 години Сведок на Светлината“.

Ова е филм кој не само што го одбележува големиот Јубилеј, туку и го доловува духовниот монашки континуитет низ вековите на еден цел милениум.