Шенах: Не е прaвилно да побарате од своите гласачи да не гласаат!
12.03.2014 20:40
Нашата делегација не е среќна што гледа дека најголемата албанска политичка партија, која што воедно е партија од владејачкото мнозинство, решила да се погрижи да не успеат претседателските избори, сметаме дека ваквиот потег не е конструктивен и е чуден во светот на демократијата, изјави вечерва на прес-конференција во Скопје, Австриецот Штефан Шенах, кој ја предводи петчлената делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која е во посета на Македонија за спроведување проценка на изборната рамка
Нашата делегација не е среќна што гледа дека најголемата албанска политичка партија, која што воедно е партија од владејачкото мнозинство, решила да се погрижи да не успеат претседателските избори, сметаме дека ваквиот потег не е конструктивен и е чуден во светот на демократијата, изјави вечерва на прес-конференција во Скопје, Австриецот Штефан Шенах, кој ја предводи петчлената делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која е во посета на Македонија за спроведување проценка на изборната рамка и кампања во пресрет на изборите.
„Сечие право во секоја земја е да одбере дали ќе номинира свој кандидат, или не, меѓутоа да се побара од своите гласачи да не излезат на гласање, не е правилен начин“, потенцира Шенах.
Тој истакна дека членовите на делегацијата се задоволни што сите амандмани на Изборниот законик се усвоени. Она што преостанува сега е тие да бидат спроведени во духот во кој што се напишани. За доверба во изборите потребна е доверба и во Избирачкиот список, додаде Шенах.
Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за време на посетата на Македонија оствари средби со државниот врв, претседателските кандидати, како и со Државната изборна комисија.
Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе ги набљудува претседателските избори во Македонија со делегација составена од 21 член.
