Запрено кличиничкото испитување на „Оксфордската вакцина“

09.09.2020 10:36

Дел од експертите предупредуваат - вирусот не се смени и нема наскоро да исчезне. Во Шпанија за првпат ќе се тестира експериментална вакцина на „Џонсон и Џонсон“.

Поради заболен волонтер е запрена финалната фаза од клиничкото испитување на т.н. оксфордска вакцина против ковид-19. Третата фаза на тестирање се спроведуваше на 30.000 лица во Велика Британија, во САД, во Бразил и Јужна Африка.

Дел од експертите предупредуваат - вирусот не се смени и нема наскоро да исчезне. Во Шпанија за првпат ќе се тестира експериментална вакцина на „Џонсон и Џонсон“.

Бројот на заболени во оваа земја надмина 500.000 така што Пиринејскиот Полуостров и натаму продолжува да е врвот на листата на региони со најмногу инфицирани во Европа. Испитувањето почнува идната недела, а резултатите се очекуваат идната година.

„Мотивите се најразлични, имаме многу волонтери од 65 години кои се ранлива катергорија и одлучија да учествуваат во тестирањето за да добијат потенцијална вакцина што е можно поскоро и да се заштитат пред да дојде зимата“, изјави Алберто Боробија, координатор за истражувањето на болницата „Ла Паз“, Мадрид.

На глобално ниво во моментов се развиваат околу 140 вакцини. 30 од нив се веќе тестирани на луѓе, но истражувачите веруваат дека само десетина ќе бидат ефективни.