ВМРО-ДПМНЕ денеска со протест против зголемувањето на цената на струјата
09.09.2020 11:05
Денеска во 18 часот ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи протест против зголемувањето на цената на струјата, откако во понеделникот го најави лидерот на партијата...

Денеска во 18 часот ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи протест против зголемувањето на цената на струјата, откако во понеделникот го најави лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.
„Отпорот станува наша должност, и ова е време кога треба да се биде гласен. Протестот ќе почне во 18 часот пред Министерството за правда, ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика и ќе бараме да се врати цената на струјата по старо“, рече Мицкоски.
