Маж загина при пад во канал за лифт

09.09.2020 13:08

Од засега непознати причини паднал во делот каде што се движи лифтот.

Триесет годишен маж, загинал при пад во канал за лифт, во зграда во скопската населба Кисела Вода. Од засега непознати причини паднал во делот каде што се движи лифтот.

МВР најавува повеќе детали во текот на денот. Неофицијално станува збор за работник кој работел на новата фасада на зградата.