Пораз за крај во Сеха
Очекувано комбинираниот состав на Металург со многу играчи на јуниорската екипа , а без 10-тина првотимци загуби на гостувањето во Прешов од Татран со 27-20.

Очекувано комбинираниот состав на Металург со многу играчи на јуниорската екипа , а без 10-тина првотимци загуби на гостувањето во Прешов од Татран со 27-20. Последниот настап во регионалното натпреварување во оваа сезона Металург го почна солидно, ја искористи опуштеноста на домашните ракометари и по 15-тина минути поведе со 8-5, но тајм-аутот на словачкиот првак даде резултат, Татран се врати со серија 7-0 , поведе со 12-8, но и прими 3 гола во финишот на првиот дел, па на одмор замина со 12-11. По неколкуте израмнети минути во второто полувреме Татран одново направи серија од 4-0 и релативно лесно ја одржуваше и ја зголемуваше предноста до крајот.
Веркиќ беше одличен на голот на Татран со 15 интервенции, Чип реализира 5 контри и заедно со Хрстка со по 5 голови беа најефикасни , додека Митревски одлично го бранеше голот на Металург со 9 интервенции во првото полувреме пред да му даде шанса на Кимевски, а Пецаковки и Мартин Манасков беа нејефикасни со по 4 гола.
Со 6-от пораз, 4 нерешени и 8 победи Металург го заокружи настапот во Сеха, не обезбеди Фајнл фор и сега комплетно се посветува на Колдинг и на 1/8-финалето од лигата на шампионите.
