Во затворот во Шутка пронајден обесен притвореник
09.09.2020 13:12
Затворскте полицајци го прекршиле протоколот, бидејќи претходно дозволиле негово движење до тоалетот...

Во затворот Скопје во Шутка пронајден обесен притвореник, професор од Тетово роден во 1959 година, потврди за јавниот сервис директорот Есад Рахиќ. Рече дека затворскте полицајци го прекршиле протоколот, бидејќи претходно дозволиле негово движење до тоалетот.
Според Рахиќ, до нив ќе биде поведена постапка. Информирани се МВР и Јавното обвинителство. Телото е дадено на обдукција.
