Спасовски најави рефрми и санкции во МВР

09.09.2020 13:19

Министерот за внатрешни работи најави дека продолжуваат со имплементација на стратегиите што ги подготвиле во изминатиот период, за поефикасна работа на македонската полиција...

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави дека продолжуваат со имплементација на стратегиите што ги подготвиле во изминатиот период, за поефикасна работа на македонската полиција. Во рамките на денешната прес- конференција, спасовски говореше за претстојните реформи, но и санкции во рамките на Министерството.

„Добрите резултати на полицијата доаѓаат со работата на мотивирани полициски службеници, на кои постојано им ги подобрувавме условите за работа и стандардот, а тоа ќе го правиме уште поинтензивно во наредниот период. Продолжуваме со реновирањето на полициските станици, но и со изградба на нови објекти, набавка на нови униформи. Во напредна фаза е изградбата на зградата на крим техника, со современа форензичка лабараторија,со што ќе се влијае на брзината на постапките“, рече Спасовски.

Во изминативе денови МВР реализира неколку акции за справување со криминалот, пред се во справувањето со нелегалната трговија со наркотици и во наредниот период продолжува со акциите за справување со криминалот.