ИЈЗ: Минатата недела регистрирани 790 нови случаи со Ковид-19
09.09.2020 13:32
Пријавени се 20 смртни случаи од 13 градови што претставува намалување од 42,9 проценти. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

Минатата недела се регистрирани вкупно 790 нови позитивни случаи со Ковид-19, што е забележано зголемување од 18,9 насто во однос на минатата недела, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје. Пријавени се 20 смртни случаи од 13 градови што претставува намалување од 42,9 проценти. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени, за 85,9 насто е зголемен бројот на хоспитализирани, а кај 219 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Од вкупниот број на нови случаи, 237 лица имаат контакт со потврден случај.
