Честиткa од германскиот претседател Штајнмајер по повод Денот на независноста

09.09.2020 12:45

Во неа, меѓу другото се истакнува задоволството на официјален Берлин за приемот на земјава во НАТО и за одлуката на Европскиот совет за почнување на пристапни преговори со ЕУ...

По повод 8-ми септември, Денот на независноста на Македонија, писмо со честитка до претседателот Пендаровски испрати претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер. Во неа, меѓу другото се истакнува задоволството на официјален Берлин за приемот на земјава во НАТО и за одлуката на Европскиот совет за почнување на пристапни преговори со ЕУ.

Со историскиот договор за прашањето за името со Грција и важните реформи, Северна Македонија значително придонесе за тоа. Уште позначајно останува ангажираното продолжување на реформите во централните области: владеење на правото, доброто владеење, како и одржување на добрососедските односи. Германија и понатаму ќе ја поддржува вашата земја во приближувањето кон Европската унија, како и при совладувањето на последиците од пандемијата од ковид-19, како искрен и доверлив партнер, стои во честитката од германскиот претеседател до македонскиот колега.