Иран гради сала за нуклеарни центрифуги

09.09.2020 11:56

По повлекувањето на САД од Нуклеарниот пакт, Техеран не го ограничува производството на збогатен ураниум...

Иран почна да гради сала за центрифуги во планински предел во близина на централата Натанз. Во јули во пожар беше оштетен еден од производствените погони, што според властите било саботажа која го забавила производството на збогатен ураним.

Меѓународната агенција за атомска енергија претходно предупреди дека Иран поседува залихи кои десеткратно го надминуваат лимитот според Договорот од Виена од 2015 година. Техеран и натаму тврди дека нуклеарната програма се користи исклучиво за мировни цели.

Отстапките од своите обврски во рамките на Спогодбата почна да ги прави поради повлекувањето на Вашингтон од истата и реактивирањето на санкциите.