Фестивалот „Ристо Шишков“ под ведро небо и посебни протоколи
Пандемијата не го спречи фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ да се реализира по 28-ми пат. Под отворено небо под посебни протоколи синоќа се крена завесата на претставата „Умри машки“ на Струмичкиот театар. Фестивалот ќе трае до сабота, а ќе бидат изведени осум претстави на македонски театри.

Под ведро небо, со претставата „Умри машки“ од Алдо Николај во режија на Кире Ѓоргиев, а во продукција на струмичкиот театар „Антон Панов“, синоќа се крена завесата на дваесет и осмото издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во струмичкиот парк. На денот на независноста , а во духовна присутнот на големиот Ристо Шишков и неговата раскошна актерска оставнина, стартуваа деновите на камерна изведба на отворено.
Посебните протоколи и без гости од странство, не се пречка фестивалот да живее и во време на пандемија.
Со видео порака почетокот на фестивалот го поздрави и ланскиот лауерат, хрватскиот актер, Драшко Зидар, кој годинава е претседател на фестивалската жири комисија, а претставите ќе ги следи онлајн. До 13-ти септември, кога завршува Фестивалот, ќе се одиграат осум претстави исклучиво од земјава.
Стојне Митева
