Загина 30- годишник при пад во канал за лифт
30-годишен маж, загинал при пад во канал за лифт, во зграда во скопската населба Кисела Вода. Станарите велат дека загинатиот бил еден од работниците што ја правеле новата фасада на зградата...

Жител на Сарај загина изутрината,откако паднал во канал за лифт во скопската општина Кисела Вода на улица „Пушкинова“. Од МВР официјално потврдија дека се работи за 30 годишен маж којшто паднал во делот каде што се движи лифтот.
Станарите на здградата каде што се случила несреќата, велат дека загинатиот бил еден од работниците што ја правеле новата фасада на зградата. Велат дека освен фасада, им бил ветен и нов лифт. Зградата е стара велат, осветлувањето во влезот често не работи, а и лифтот почесто бил вон употреба.
Станарите на зградата што не сакаа да зборуваат во камера, велат дека сега починатиот го повикал лифтот на седмиот кат сакајќи да се симне на приземје. Откако вратите од стариот лифт не се отвориле, тој се симнал на шестиот кат каде вратите се отвориле но лифтот не бил тука. Поради слабото осветлување тој паднал во каналот каде што се движи лифтот. Бараат одговорност од надлежните.
Александра Спировска
