Министерот Ивановски на средба со вториот човек на ИТУ, Хоулин Жао

13.03.2014 09:01

Напокана на министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски,денес во официјална посета на Република Македонија ќе престојува заменик генералниот секретар на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU), Хоулин Жао.

Завреме на средбата министерот Ивановски ќе го запознае високиот гостин состепенот на развој на информатичкото општество во земјата, проектите кои досега се преземени на тој план од страна на македонската влада, како и со активностите кои се предвидени за наредниот период.

Ивановски ќе побара поддршка од Жао за позитивен исход по апликацијата на Република Македонија за вклучување во Советот на Интернационалната телекомуникациска унија, што ќе претставува голем чекор напред во креирањето на улогата на нашатаземја на меѓународен план во ИКТ областа.

Инаку, Хоулин Жао во септември годинава се очекува да стане прв човек на Интернационалната телекомуникациска унија, со што неговото лобирање ќе биде од голема полза за Република Македонија.