ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за пожарот во Инспекторатот за животна средина
09.09.2020 15:44
Од партијата велат, самиот факт што е запалена архивата на државен орган и тоа во неработно време, по неработен ден, отвора огромни сомнежи за можни злоупотреби...

ВМРО-ДПМНЕ бара итна и независна истрага за пожарот во зградата на Секретаријатот за европски прашања и Министерството за животна средина.
Од партијата велат, самиот факт што е запалена архивата на државен орган и тоа во неработно време, по неработен ден, отвора огромни сомнежи за можни злоупотреби и криење од јавноста на документи кои што според оценка на власта не би требало да се дознаат.
