Спасовски најави поефикасна работа на полицијата
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави дека продолжуваат со имплементација на стратегиите што ги подготвиле во изминатиот период, за поефикасна работа на македонската полиција. Во рамките на денешната прес конференција, Спасовски говореше за претстојните реформи, но и санкции во рамките на Министерството...

Реформи, но и санкции во министерството за внатрешни работи најави ресорниот министер Оливер Спасовски. Вети подобрување на условите за работа и стандардот на полицајците, нови униформи и реновирање и реконструкција на полициски објекти. Најави и борба со криминалот и корупцијата, но и казни за полицајците кои ги злоупотребуваат овластувањата.
Спасовски најави и нов концепт за сигурност во сообраќајот во урбаните центри, со јасна и ригорозна регулација на брзините, како и поставување систем од камери за контрола и автоматизација на процесот на казни.
Прашан за мерките за безбедност во однос на протесот на опозицијата, Спасовски со став – секој има право да протсетира, а ние сме подготвени да одговориме на секој предизвик во зачувувањето на јавниот ред и мир. Доколку бидат нарушени, ќе се преземат мерки за санкционирање.
Марија Котовска
