Гужви пред тетовските банки, никако да се воведе ред

09.09.2020 16:10

Хаосот и гужвите пред седиштата на тетовските банки никако да се доведе во ред. Дел од клиентите не носат маски, а физичката дистанца е невозможно да се одржи...

Клиентите чекаат ред уште од утринските часови и пред да се отворат тетовските банки. Дел од нив поради гужвите не успеваат ниту да влезат во филијалите. Од утре, повторно истата приказна. Чекаат со часови на места каде воопшто не може да се одржи социјална дистанца, а некои граѓаните не носат ниту заштитни маски.

Сведочат дека има луѓе кои поради долгите редици, стресот и топлото време паѓаат во бесознание. Хаосот и гужвите пред банките е со почетокот пандемијата, но проблемот никако да се реши. Асистираше полицијата и армијата редот се воспостави, но тоа траеше неколку дена.

Граѓаните бараат повторно воведување на контрола од безбедносните служби во текот на целиот ден, а не само периодично како што е во пракса.

Од СВР Тетово, велат дека редот треба да го обезбедат самите банки, а обврска на полицијата е одржувањето на јавниот ред и мир, како и контрола дали граѓаните носат заштитна опрема.

„Полицијата, односно во случајов СВР Тетово, е надлежна за одржување на јавен ред и мир, доколку биде пријавено или доколку утврди негово нарушување од поединци или групи на граѓани. Наши екипи континуирано преземаат мерки за откривање и законско санционирање на поединци кои не ја почитуваат споменатата Уредба  на отворен, јавен простор, додека санкционирањето на прекршителите во затворен простор е надлежност на Државниот пазарен инспекторат“- велат од СВР Тетово.

Гужвите уште повеќе се зголемије по затворањето на Еуростандард банка, па клиентите, претежно пензиониери, мораа да отворат трансакциони сметке во банките кои и онака работаат со намален човечки капацитет. 

Зоран Димовски