Повлечени 20,4 милиони евра евтини кредити од ЕИБ

09.09.2020 16:20

Средствата се наменети за 73 проекти на домашни компании,со што вкупниот број на поддржани компании достигна 186.

Развојната банка ја повлече последната транша од 20,4 милиони евра евтини кредити за домашните фирми од Европската инвестициска банка. Средствата се наменети за 73 проекти на домашни компании,со што вкупниот број на поддржани компании достигна 186.

Тие користат евтини кредити со каматна стапка од само 1,6%, при што се овозможуваат 605 нови вработувања. Третина од парите се за проекти во производството,третина во трговијата,а остатокот е пласиран во: угостителството,транспортот,услугите , здравството и во други сектори.

Со оваа последна транша се заокружува кредитната линија од 100 милиони евра на ЕИБ од која се поддржани вкупно 332 проекти на домашни компании при што се отворени 1089 вработувања,соопшти Развојната банка.