Копач: Верувам дека РКЕ донела правилна одлука за цената на струјата

09.09.2020 15:24

Коментирајќи го покачувањето на цената на струјата за 7,4 %, Копач со став дека не може да процени дали зголемувањето било точно вистинското, но верува дека независната комисија со своите познавања донела правилна одлука.

Верувам  дека независната Регулаторна комисија за енергетика донела правилна одлука за цената на струјата, изјавил Јанез Копач, директорот на Серкретаријатот на Енергетската заедница во интервју за МИА.

Коментирајќи го покачувањето на цената на струјата за 7,4 %, Копач со став дека не може да процени дали зголемувањето било точно вистинското, но верува дека независната комисија  со своите познавања донела правилна одлука.

Копач појаснува дека во согласност со законодавството на Енергетската заедница, Комисијата  се уште ги регулира цените на крајните корисници, за домаќинствата, како мерка за заштита на оваа категорија потрошувачи од преголеми зголемувања на цените. И затоа, оваа регулатива треба да ги земе предвид и да ги рефлектира трошоците  и  не може само да се следат желбите на некои политичари, смета Копач.