Битиќи и Филипче на средба со бизнис секторот во Гевгелија

09.09.2020 16:57

Вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за здравство Венко Филипче денес во Гевгелија остварија средба со бизнис секторот. Тие ги слушнаа проблемите на бизнисмените и ветија соработка за изнаоѓање решенија за справување со кризата, но и старт на новите економски сет мерки...

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за здравство Венко Филипче во Гевгелија остварија средба со бизнис секторот. Гевгелија како погранична општина, зависноста од услужните дејности, но и отвореноста на границите, извесен период се соочува со последиците по затворањетро на истите.

Пандемијата ги замре многу од бизнисите , а најпогодени очигледно се стоматолошките ординации, но и извозно ориентираните компании. Битиќи најави дека од наредната недела ќе започне имплементација на новите сет економски мерки.

Првиот човек на општината се надева дека новиот сет мерки ќе значат спас за многу компании  кои имаат тесна комуникација со јужниот сосед.

За полесен проток на граѓаните од  Грција, Филипче најави и реализација на нови лабараториски капацитети во болницата кои ќе овозможат брзи ПЦР тестови.

Пандемијата во Гевгелија остави околу 300 граѓани без работа генерално од казината, но има отпуштања и од други компании.

 

Стојне Митева