СДСМ: Денешниот протест е дебакл на Мицкоски да си ја задржи фотелјата
09.09.2020 21:05
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивно и неодговорно однесување, на штета на граѓаните, на државата и нејзината европска иднина, стои во соопштението на СДСМ...
Лицемерно е човекот кој беше вклучен во стопроцентно зголемување на електричната енергија, кој беше одговорен за укинување на евтината тарифа и човекот кој доби бизнис со хидроцентрали од владата во кој бил советник, денеска глуми загриженост за цената на струјата- реагираат од СДСМ.
Тоа граѓаните совршено го знаат, затоа денешниот протест се претвори во дебакл на обидот на Мицкоски да си ја задржи фотелјата во белиот дворец. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивно и неодговорно однесување, на штета на граѓаните, на државата и нејзината европска иднина, стои во соопштението на СДСМ.
