МВР: Регистриран 391 прекршок за неносење лична заштита на лице
10.09.2020 10:07
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата...

Во текот на изминатото деноноќие (09/10.09.2020) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 391 прекршок.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
