Малите фармери можат производите самостојно да ги нудат на потрошувачите

10.09.2020 10:38

Земјоделците можат сами да го продаваат месото, млекото и храната од животинско потекло. Доколку ги применуваат стандардите за безбедност на храната, своите производи ќе можат да ги нудат и директно во маркетите и на овој начин нема да зависат од откупувачите.

Сирово млеко и негови производи, месо добиено при колење на животни и нивни преработки, дувеч, мед, јајца и риби се проиводите кои малите фармери ќе можат самостојно да ги нудат на потрошувачите.

Покрај  условот за примена на стандардите за безбедност на храна за продажба  на млекото фармерот ќе мора да е регистрирани во Агенција за храна и ветеринарство како одгледувачи на животни.

Количеството на сирово млеко кое може да се продава или преработи во млечен производ, може да биде до најмногу 700 литри неделно, односно 100 литри дневно за кравјо млеко и неограничено количество на млеко од овци и други животински видови.

Сировото млеко може да се нуди непакувано или пакувано.

Непакуваното при доставата до крајниот потрошувач се полни во чисти садови во присуство на купувачот или се продава преку млекомат.

Пакуваното сирово млеко треба да е  во чиста амбалажа и во безбедни пластични материјали или други производи што доаѓаат во контакт, а во кои се чува, транспортира или доставува храната.

 

Методија Трајков